Ристе Пандев меѓу стипендистите на МОК за Олимписките игри во 2016

24 Септември 2014

Ристе Пандев ќе добива месечна сума од 666 долари, почнувајќи од овој септември

20-годишниот атлетичарот Ристе Пандев од Ново Коњарево е меѓу 11-те спортисти, потенцијални кандидати кои во наредниот период ќе добиваат стипендија за подготовка за изборните турнири што ќе се одржат наредната година, а ќе учествуваат на Летните олимписки игри во Рио Де Жанеиро 2016-та година.

Пандев ќе добива месечна сума од 666 долари, почнувајќи од овој септември, иако исплатата ќе почне од јануари 2015-та.

Ако одредени спортисти не покажат подобрување на своите резултати, во тој случај тие ќе бидат отстранети од списокот на стипендисти на Македонскиот Олимписки Комитет.