Во Ново Коњарево пронајден стар неексплодиран артилериски проектил

21 Септември 2014

Вчера во селото Ново Коњарево, при рушење на стара куќа пронајден е стар неексплодиран артилериски проектил

Вчера околу 13:00 часот во селото Ново Коњарево, кај Струмица, при рушење на стара куќа, сопственост на С.Ѓ., пронајден е стар неексплодиран артилериски проектил со оштетена запалка – информираат од СВР Струмица.

За случајот е информиран пиротехничар од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица, и проектилот е подигнат од лице место.