ФОТО: Старо дрво се откорна на локалитетот „Пирго“

02 Август 2014

Дрвото, при паѓањето го оштетило „паното“, со кое се означува прославата на 1000 години од Битката на Беласица

На историско-излетничкиот локалитет „Пирго“, над селото Мокриево, каде пред само три дена се прославуваше 1000-годишнината од Битката на Беласица, завчера вечер, од невремето се откорна огромно дрво, десетици години старо. Причина за откорнување на дрвото е силниот ветар и дожд, кој паѓаше во попладневните часови.

Дрвото, при паѓањето го оштетило „паното“, поставено од општина Ново Село, со кое се означува прославата на 1000 години од Битката на Беласица. Друга материјална штета нема.

Инаку, како резултат на големите количества вода кои истекуваат од планината Беласица, со наноси од песок и дрвја, и денеска, се видвиливи наносите од песок, на повеќе места на асфалтниот пат, кој минува низ населените места во Подгоријата.