Министерот Диме Спасов во посета на општина Ново Село

06 Јуни 2015

Денеска во посета на општина Ново Село беше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов

Денеска во посета на општина Ново Село беше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој имаше работна средба со градоначалникот Блажо Велков.


На средбата Спасов и Велков разговараа за градинката во Ново Село, која е во фаза на примопредавање од општина Струмица, за која во тек е изработка на проект за нејзина реконструкција, а со кој проект, заедно со општина Сандански, Бугарија, ќе се аплицира за добивање финансиски средства преку ИПА фондовите од ЕУ.


Тема на разговор беше и изградбата на Дом за стари лица, кој ќе се гради во кругот на касарната во Ново Село, која исто така е во фаза на примопредавање, по што ќе подготвува проект за градба.


Министерот Спасов при посетата на општина Ново Село, го посети и новоизградениот дом на семејството Јанкови во Смолари, кој го изгради пратеникот Васил Пишев со поддршка на бизнисмени и локалната самоуправа на Ново Село.


На крајот од посетата, министерот Спасов и градоначалникот Велков беа на Смоларскиот водопад, кој претставува една од најголемите природни реткости во Република Македонија, а се наоѓа токму во општина Ново Село.