3D ехо апарат од „нашинците“ во Швајцарија за амбулантата во Ново Село

30 Април 2015

Ехо апаратот од денеска е поставен во Гинеколошката амбуланта, а прегледи ќе се вршат секој четврток

Гинеколошката амбуланта во Ново Село, доби донација од 3D ехо апрат, од Македонците кои живеат и работат во Швајцарија, а потекнуваат од селото Мокрино, општина Ново Село.


Станува збор за Ехо апарат преку кој може да се следи бременоста, со гинеколошки ултразвук, 3D ултразвук, Абдоминален ултразвук, Скрининг на фетални аномалии.


Ехо апаратот од денеска е поставен во Гинеколошката амбуланта, а прегледи ќе се вршат секој четврток.


Инаку, оваа донација е на иницијатива на градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, кој досега со одржувањето на врските со „нашинците“ од Швајцарија, се реализирани повеќе донации за потребите и на установи, но и за поединци, граѓани од сиромашни семејства, а имале потреба од различни помагала и слични медицински апарати.