ЛЕО Клубот донираше во ПОУ „Св. Климент Охридски“ во Ново Село

24 Април 2015

Членови на ЛЕО клубот од Струмица, денеска уште еднаш ја покажаа својата одговорност кон општеството

Членови на ЛЕО клубот од Струмица, денеска уште еднаш ја покажаа својата одговорност кон општеството.


По одржаната акција на 4-ти април на градскиот плоштад „Гоце Делчев“, кога Лео клубот - Струмица заедно со Лајонс клубот, организираа хуманитарен настан, тие денеска го посетија ПОУ „Св. Климент Охридски“ во Ново Село и донираа облека, обувки и играчки, со што предизвикаа насмевки и среќни моменти кај лицата од оваа училиште. Тие донираа околу 50-тина пакети.


Со оваа акција, ЛЕО клубот уште еднаш ја истакна својата посветеност кон општеството и кон лицата на кои што навистина им е потребна помош. Тие најавија дека во иднина ќе продолжат со ваквите хумани дела.