Велигденска честитка од градоначалникот на општина Ново Село

11 Април 2015

Градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, по повод големиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните на општина Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, по повод големиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните на општина Ново Село.


„Овој период е шанса да поминеме што повеќе време со нашите најблиски и да ги славиме христовите чуда од деновите кои поминале. Да ја раскажуваме приказната за семоќниот Бог, кој според неговата волја го создал човекот слободен, да размислува, да говори и да одлучува слободно и одговорно. Да го поминеме овој викенд со оддавање почит на жртвата, на единствениот Господов син, кој ја издржал агонијата до распнувањето за да ги спаси нашите души“ - вели меѓу другото во Велигденското обраќање градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков.