Христијан - Кико веќе не е дел од Болеро, најавува нов бенд и албум

01 Декември 2016

Христијан Божинов Кико веќе не е дел од струмичката музичка група „Болеро Бенд“, кој во последниот период работеа како „Кико, Демо, Никола, Фимчо“

Христијан Божинов Кико веќе не е дел од струмичката музичка група „Болеро Бенд“, кој во последниот период работеа како „Кико, Демо, Никола, Фимчо“.

 

Тој ова го објави на својот ФБ профил при што истакна дека наскоро ќе формира свој бенд за настапи во земјава и странство, но и подготвува свој албум.

 

„Јас, Демо и Мики Божинов, што не придружуваше, не сме веќе дел од „Болеро“, но со Никола и Серафим сме во одлични односи и не сме скарани. Нив двајцата посебно ги почитувам и им посакувам само успеси. Како тим „Кико, Фимчо, Никола, Демо и Мики“, оддамна имаме закажано неколку свадби. Истите ќе ги реализираме професионално во овој состав. Во овој состав ќе бидеме дел и од турнејата во Австралија заедно со Сузана Гавазова“ - напиша на својот ФБ профил Христијан Божинов Кико, кој со својот моќен глас секогаш изнудувал емоции кај слушателите, но и одлична атмосфера на сите забави.

 

„Болеро Бенд“ функционираше повеќе години и зад себе имаат голем број настапи во земјава и странство. Имат добиено и неколку фестивалски награди. Заради заминување во странство бендот на почетокот го напушти хармоникашот Александар Атанасов, но Болеро продолжи да функционира. Сега од овој состав останаа Фимчо и Никола, кој исто така најавуваат нови ангажамни на музички план.