ВИДЕО: Горан Пандев со два гола ја однесе Џенова во осминафиналето

01 Декември 2016

Пандев беше стрелец на два прекрасни гола, само потврдувајќи дека заслужува и повеќе минутажа во клубот и на натпреварите од Серија А

Капитенот на македонската репрезентација, струмичанецот Горан Пандев, е човек на одлука за Џенова на натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Италија против Перуџа. Струмичанецот беше стрелец на два погодоци во победата по продолженија од 4:3, со кои ја однесе Џенова во осминафиналето од ова натпреварување.

 

Пандев беше стрелец на два прекрасни гола, само потврдувајќи дека заслужува и повеќе минутажа во клубот и на натпреварите од Серија А.

 

Резултатот го отвори Џовани Симеоне во 3-та минута од мечот, а Пандев се запиша во листата на стрелците во 37 минута, постигнувајќи прекрасен погодок. Во второто полувреме Џенова се опушти и прими два гола, најпрво Бјанки стрелаше во 53 минута, а Дроле десет минути подоцна го израмни резултатот.

 

Фудбалерите на Џенова се мачеа да го пробијат бедемот на противникот, но откако не успеја во таа намера, се замина на продолженија.

 

Пандев максимално ја искористи шансата укажана од стратегот Јуриќ и со својот втор погодок во 100-та минута донесе водство за Џенова. Шест минути подоцна, Ниниковиќ постигна нов гол за Џенова, а Ди Нолфо во последните секунди ги постави конечните 4-3. Џенова во осминафиналето ќе се сретне со Лацио, клуб во кој Пандев ги помина најубавите фудбалски години.