Вечерва POP DIVAS TRIBUTE на Александра Јанева во живо на ФБ

27 Ноември 2016

Минатиот, трет концерт во живо на Фејсбук го следеа рекордни 10.000 гледачи од цела Македонија и дијаспората

Како што велат и самите, Александра и Гонце во октомври сосема спонтано се вклучија во живо да ги отпеат нивните омилени песни кои ги слушаат приватно. Оттогаш секоја втора недела ја продолжуваат практиката за концерт во живо.

 

Вечерва тие ќе го направат четвртиот акустичен концерт во живо на кој како тема ќе ги обработат најголемите хитови на најпопуларните и најактуелните женски поп вокали на денешницата.

 

Минатиот, трет концерт во живо на Фејсбук го следеа рекордни 10.000 гледачи од цела Македонија и дијаспората. Тогаш Александра Јанева на барање на слушателите пееше бројни хитови од балкански изведувачи како Јелена Томашевиќ, Нина Бадриќ, Жељко Јоксимовиќ, Бијело Дугме, Тоше Проески, Елена Ристеска и многу други.

 

„Идејата за вечерашната тема повторно произлегува од желбите на претходните вклучувања каде што постојано се бараат песни од Beyonce, Pink, Rihanna, Emeli Sande, Adele. Токму затоа вечерва ќе бидат отпеани дел од најпопуларните хитови на овие поп диви“ - вели Александра.

 

Вклучувањето во живо започнува во 19:00 часот и може да го следите на приватниот профил на Александра Јанева и на нејзината официјална фејсбук страница - https://www.facebook.com/JanevaAleksandra/.