Три години „Виона“ ве храни со здрава и органска храна

16 Ноември 2016

Првата специјализирана продавница за здрава и органска храна во Струмица „Виона“, денеска слави три успешни години во своето постоење

Првата специјализирана продавница за здрава и органска храна во Струмица „Виона“, денеска слави три успешни години во своето постоење.

 

Продавница за здрава и органска храна „Виона“, не е само продавница, таа е местото каде ќе се сретнат сите љубители и поддржувачи на здравата исхрана, независно од возраста, од најмало до најголемо. Таму се водат интересни разговори, се стекнуват нови пријатели, се среќаваат стари пријатели, се споделуват и разменуват совети за исхрана и рецепти.

 

Полиците се преполни со најразновидни интересни производи, ако првпат влегувате ќе се почувствувате како „Алиса во земјата на чудата“, но тука е услужливиот персонал кој топло ќе ве пречека и трпеливо ви објаснува се за производите, ви дава упатство за нивно користење.

 

Во „Виона“ ќе ги најдете најдобрите можности за ваш здрав појадок, ќе добиете безброј идеи за подготовка на ручек за вашето семејство, здрави десерти и крекери, семиња, житарки, апетисани, широка палета на безглутенски производи, органски производи, вегански производи, макробиотски производи, природна органска козметика, преку 150 видови чајеви, суплементи, суперхрана од органско потекло, најразновидни масла за внатрешна и надворешна употреба, преку 60 видови на зачини, мусли, засладувачи, брашно - интегрални и безглутенски, голем избор на сокови, органски, без шеќер и конзерванси, а најново од нив се соковите по оргиналната рецепта на д-р Бројс, како неопходен додаток во исхраната и помош во лекувањето на најтешките болести.

 

Едноставно нема што нема, а како што знаат сопствениците да кажат на шега и тоа што го нема, ќе го има.

 

Вреди да се посети продавницата „Виона“ во зградата до Основиот суд во Струмица и да се ужива во пријатната атмосфера која постои таму и пријателскиот однос на вработените, кој неможе да остане незабележан.

 

Вкусете ја здравата храна, хранете се здраво од продавницата „Виона“.