AVON нуди неограничен потенцијал за заработувачка

15 Ноември 2016

Во ниту една друга компанија не би можела за краток временски период да добијам толку одговорна и напредна позиција како Менаџер за продажба

„Во ниту една друга компанија не би можела за краток временски период да добијам толку одговорна и напредна позиција како Менаџер за продажба“ - вели Елена Зетова, регионален менаџер за продажба во AVON Македонија.

 

Струмичанката Елена Зетова една деценија е дел од тимот на AVON Македонија, период во кој постепено напредувала во кариерата. Почнала во 2005 година како претставник, за по два месеци започне сопствен бизнис како координатор. Резултатите кои континуирано ги постигнувала на таа функција ѝ овозможиле по две години да стане регионален менаџер, позиција која успешно ја извршува веќе девет години. Зоната за која таа е одговорна вклучува 13 градови од Источна и Југоисточна Македонија, 80 лидери за кои е директно одговорна, како и 1.600 претставници. Зетова е омажена и е мајка на две деца од 10 и 13 години.

 

- Зошто избравте да ја градите кариерата во AVON?

 

Во денешно време постои девиза која вели дека ако успеете во продажба, ќе успеете во која било друга бизнис-категорија. Веројатно тоа е така бидејќи „продажбата“ како техника не подрзабира само продажба на материјален производ, туку и продажба на идеја со помош на дополнителните алатки како што се презентација и демонстрација. На мојот развој во AVON претходеа сите позиционирани алки.

 

- Што точно претставува позицијата „Регионален менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?

 

Пред сѐ, регионален менаџер на продажба е многу обемна и одговорна позиција. Понекогаш се случува да треба да покривате неколку сегменти одеднаш – планирање, организација на човечки ресурси, приоретизирање на задачите и обврските на вашиот тим, комуникација, презентација, маркетинг, ПР, тренирање и обучување на тимот, регрутирање нови луѓе и сето тоа мора да е проследено со редовно следење и контрола на постигнатите резултати. Со оглед на тоа дека „содржината“ на позицијата е многу разновидна, можам само да потврдам дека бескрајно уживам во мојата работа и таа ми е секојдневен предизвик. Да бидам искрена, во моментов не можам ни да замислам да работам нешто друго.

 

- Со оглед на тоа дека сте многу зафатена со работните обврски, Ви останува ли слободно време? Како го поминувате?

 

Со оглед на тоа дека работната недела на регионалниот менаџер е солидно покриена со „богат“ календар и распоред на обврски, се обидувам викендите да ги искористам за семејството и за дружење со пријателите.

 

- Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

 

Ова е трик прашање (хахаха...). Секогаш тежнееме кон рамнотежа и пропорција, иако динамиката на мојата работа понекогаш знае да надвладее и да преземе дел од времето кое било планирано за најблиските. Сепак за работите што ги сакате секогаш има време, важно е тоа добро да биде испланирано и организирано. Имам флексибилно работно време што ми дозволува да си посветам доволно внимание себеси, на семејството и на пријателите.

 

- Зошто почнавте да соработувате со AVON?

 

Можностите за брз напредок во кариерата ми беа појдовна точка за да почнам да работам со AVON. Во ниту една друга компанија не би можела за краток временски период да добијам толку одговорна и напредна позиција како менаџер за продажба. Дополнителна мотивација се можностите за сопствено надградување со најразлични менаџерски вештини преку многубројните обуки кои континуирано ги посетуваме, како и можноста да им помагаш на други луѓе да почнат сопствен бизнис и да направат промена во нивниот живот.

 

- Што ве мотивира денес во работата со AVON?

 

Има повеќе работи. Пред сè, задоволството да работиш во компанија која е лидер во продажба на светскиот пазар, но истовремено има и бројни филантропски активности со кои им помага на други луѓе. Мотив плус се неограничениот потенцијал за заработувачка, флексибилното работно време, обуките, како и големата поддршка која компанијата ми ја обезбедува за развој на бизнисот. Со работата во AVON имам можност секој ден да запознавам нови луѓе, да влијаам врз жените кои што сакаат да променат нешто во својот живот, да научат како да бидат успешни, и да изградат кариера во било кој период од животот. И на крај, да добивам награди и признанија за сè што е сработено.

 

- Како влијае врз Вас фактот дека имате сопствена фирма?

 

Генерира однесување на самодоверба, контрола, успех, секако проследено со голема одговорност. Мислам дека никогаш не би се откажала од идејата да бидам и да работам како „сам свој шеф“.

 

- На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

 

Како што прилега на најдобрата и најголемата компанија за директна продажба во светот, поткрепено со постојани иновации во начинот како да ја одржи мотивацијата на највисоко ниво преку поддршка со најсовремени материјали за работа. Но, пред сѐ, преку постојано вложување во тренинзи и обуки кои од нас прават вистински професионалци во менаџирање, не само на бизнисот, туку и во квалитетно и рационално менаџирање на времето и ресурсите.

 

- Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?

 

Луѓето од мојот тим знаат дека секогаш ќе бидам нивен ментор од кого можат и од кого учат многу работи за бизнисот. Сепак, тие ми се партнери во работата со кои имаме извонредна соработка и ги делиме заедничките успеси. Тоа не значи дека нашата релација е строго професионална, затоа што после долгогодишно соработување нормално е со дел од нив да се развијат и пријателски односи кои си ги негуваме надвор од канцеларија или на тим-билдинг средбите кои често ги организираме. За пријателите ќе останам секогаш иста, насмеана, позитивна и расположена за дружење. За семејството останувам сопруга и мајка која наоѓа време да се справи со сите домашни обврски.

 

- Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON? Колкава е најголемата заработена сума досега?

 

Во мојата деветгодишна работа како регионален менаџер имам добиено повеќе награди, признанија и бонуси и најискрено сите ми се многу драги, зашто се потврда на сработеното. Меѓу нив се признанија за најмногу нови претставници, нови лидери, продуктивност, две години најголем раст на продажбата. Покрај повеќето парични бонуси, наградите што никогаш нема да ги заборавам се патување во Париз, како и патувањето во Лас Вегас и во Холивуд. Не можам да го изоставам и неодамнешното патување во Њујорк со дел од моите колешки кое беше неверојатно искуство. Мојата лична најголема заработувачка за три недели во AVON изнесува 230.000 денари.

 

- Што сакате да постигнете во AVON? Кон што се стремите?

 

Пред сè, кон постигнување уште многу успеси, а најголем успех за секој регионален менаџер е доколку успее да изгради успешни и среќни менаџери во својата структура. Тоа е мојата цел кон која ќе се стремам во иднина, да изградам среќен, мотивиран тим за работа кој заработува колку мене или повеќе од тоа.

 

- Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на претставници и заработувачка?

 

Секојдневното запознавање нови луѓе, нудењето можности за заштеда, заработувачка и кариера на секого, промовирањето на програмата за стажирање, споделување на моите успеси како и успесите на лидерите од мојот тим кои за многу луѓе изгледаат недостижни. Сепак и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, тоа е мојот единствен совет до сите. Затоа би сакала да упатам јавен апел до сите наши претставници, а и оние кои сѐ уште немаат никаква врска со AVON – да ги посетат нашите презентации за можности во регионалната канцеларија во Струмица и да слушнат што ние нудиме како професионална платформа и рамка за развој на кариера, секако наградено со одлична заработувачка.

 

- На кој момент во AVON најмногу се гордеете и зошто?

 

Освен растот во продажбата кој го мери успехот на еден регионален менаџер, мој најголем успех сепак е што изградив сопствен, доста млад тим на успешни лидери и менаџери кои се пример за многу луѓе.

 

- Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?

 

Апсолутно се гледам во мојата компанија и подолгорочно. Досегашните позитивни професионални искуства и постигнувања, само ми потврдуваат дека се пронајдов овде и планирам да останам сѐ додека ме сметаат за добар профил на лојален и посветен соработник кој одговара на обврските и постигнува резултати, го мотивира и инспирира својот тим. Не е исклучена можноста за развој и напредок во кариерата како и достигнување повисоки резултати на балканско ниво. Овде се вреднува секој успех, така што ова е дополнителна мотивација и двигател.

 

Комерцијална објава