Фудбалската ѕвезда Горан Пандев се сретна со поп ѕвездата Жељко Јоксимовиќ

14 Ноември 2016

Горан ја искористил можноста и на српскиот пејач му подарил дрес од нашата репрезентација, а Жељко по средбата му подарил ЦД

Најдобриот македонски фудбалер и репрезентативец, Горан Пандев, кој веќе втора година игра за италијанскиотклуб „Џенова“, призна дека е еден од најголемите фанови на српската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ - пишува ВЕСТ.

 

Горан и Жељко се сретнале во еден скопски хотел, каде престојувале. Горан ја искористил можноста и на српскиот пејач му подарил дрес од нашата репрезентација, а Жељко по средбата му подарил ЦД од неговиот последен албум.

 

Извор: ВЕСТ