„Солза за крај“ – нова балада на Александра Јанева

11 Ноември 2016

Струмичанката Александра Јанева до крајот на месец ноември ќе го претстави својот нов сингл

Струмичанката Александра Јанева до крајот на месец ноември ќе го претстави својот нов сингл. Песната е балада насловена „Солза за крај“, а зад неа комплетно се потпишува авторот Ѓорги Крстевски.

 

Неделава се снимаше емотивна есенска видео-приказна во реализија на Крстевски Music Production, а поддржано од Студио Даци, Beaty Studio Mirage и Boutique Chic.

 

Соработката на Александра и Ѓорги започна на почетокот од 2016 година со успешниот сингл „Еве ме пак“, кој на мрежата YouTube веќе достигна 280.000 прегледи и важи за една од најслушаните песни годинава.

 

Во својата тригодишна кариера Јанева има вкупно 10 синглови, учество на многу фестивали и две Макфестовски победи.