Бодибилдерот Зафиров во „Арена Фитнес“ ги учеше струмичани како до здраво тело и здрав живот

11 Ноември 2016

Зафиров истакна дека „Арена Фитнес“ во Струмица ги поседува сите справи за вежбање каде секој струмичанец може да се рекреира и да ја зајакне својата

Светскиот вицешампион во бодибилдинг, Тоше Зафиров, престојуваше во „Арена Фитнес“ центарот во Струмица, каде се дружеше со струмичани кои сакаат да имаат здраво тело и здрав живот. Зафиров на струмичани им објаснуваше како стасал до многуте титули во неговата кариера, но и пристапот како да се вежба во една „фитнес арена“.

 

„Повеќе од 20 години години се занимавам со овој спорт. Потребно е љубов и да се навикнеме на здрав живот, здрава исхрана и спортување. Само на тој начин можеме да имаме совршен изглед, добро тело и здрав живот. Потребни се одрекувања, но она што сакам да го потенцирам дека ова е долг процес коде не треба брзање и оптоварување на организмот, потребно е да се работи чекор по чекор“ - ни рече Тоше Зафиров.

 

Зафиров истакна дека „Арена Фитнес“ во Струмица ги поседува сите справи за вежбање каде секој струмичанец може да се рекреира и да ја зајакне својата мускулна маса, приотоа и да согори вишок килограми. Но за тоа е потребен соодветен пристап, но и користење на дозволивите суплименит за исхрана кои ги има во овој центар.

 

ФОТОГАЛЕРИЈА