Во петок концерт „Струмица во 60-тите и 70-тите“

19 Октомври 2016

Десеттина млади струмичани, инструменталисти и вокалисти во петок, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, организираат Концерт во живо

Десеттина млади струмичани, инструменталисти и вокалисти во петок, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, организираат Концерт во живо со музика од 60/70-тите години.

 

Овие млади музичари, кои повеќето потекнуваат од музички семејства, ќе ја свират музиката со која израснаа нивните родители, песни на генерациите од тој период на минатиот век.

 

Јовче Пандев, еден од организаторите на овој концерт, вели дека ова не е прв настап пред струмичката публика во ваков сличен проширен состав со повеќе солисти, се чекаше само вистинскиот момент на музичко созревање за ваков чекор, концерт со музика која бара квалитетни музичари и солисти.

 

За изборот да се свири и пее музика од 60/70-тите години вели дека затоа што таа музика од тој период претставуваат пресврт во историјата на музиката и тоа револуционерен. Музика која вреди да се изведува и пред се музика која ја слушаме повеќето од нас секојдневно, а сигурни сме дека оние кои ќе бидат присутни на концертот ќе бидат презадоволни од она што ќе го слушнат.

 

Радио СтрумицаНет: Има ли некој повод за организирање на ваков концерт или...?

 

Јовче Пандев: Прво, поради лична сатисфакција на сите нас и апетит за музицирање пред публика. Второ, во Струмица не се случува ништо посебно и различно од онаа „мејнстрим“ журкање кое е генерално веќе премногу „кичасто“ и трето, Струмица заслужува таков вид на настан.

 

Радио СтрумицаНет: Исклучиво странска музика од тој период или ќе слушнеме нешто и од македонските или бившо-југословенските рок хитови?

 

Јовче Пандев: Претежно преовладува странската музика на која е и базиран овој концерт, но изборот падна и на две екс-ју антологиски песни, кои верувам ќе им се допаднат на публиката. За жал овој пат не интерпретираме македонска музика од тој период. Признаваме наша грешка, но следниот ваков концерт ќе надополниме, ветуваме.

 

Радио СтрумицаНет: Вие десетмината сте организатори, имате ли поддршка од некој?

 

Јовче Пандев: Од идеја до реализација се сведува на десетте луѓе кои ќе го сочинуваат перформансот, финансиска помош добиваме само од општина Струмица.

 

Концертот „Струмица во 60's и 70's“ на младите музичари има за цел да ја презентира златната ера на Rock n Roll музиката, а ќе бидат изведени легендарни хитови од: Elvis Presley, Deep Purple, Led Zeppelin, The Doors, Frank Sinatra, Aretha Franklin, Creedence и други познати изведувачи од тоа време.

 

Учествуваат: Ивана Василева, Ана Цамбулева, Иван Кукиќ, Јовче Шиле Пандев, Љубо Мир, Виктор Крстев, Душко Манушев, Зоран Трендов, Ване Панов и Марјан Стоилов.

 

Петок, 21 октомври | 20:30 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица | влез: 100 денари...

 

Влезници се продаваат во: СЦЕНА 112, T N T Rock Kafe Strumica, Sub Club и на самиот влез пред почетокот на концертот...