Видео спот со најновиот хит на Александра Јанева „Најмило мое“

12 Октомври 2016

Записот е едноставна видео приказна со изразена експресија и неочекувани модни трансформации

Струмичанката Александра Јанева со видео-запис за песната „Најмило мое“ изведена на „Охрид Фест 2016“.

 

Записот е едноставна видео приказна со изразена експресија и неочекувани модни трансформации.

 

Спотот е снимен во Скопје со напредна 4К резолуција во режија на Дарио Јанковиќ, а во соработка со познатиот струмичанец Драган Гоцев – Студио Даци и Уно тропико.

 

За младата ѕвезда ова е трет видео запис на нејзината десетта студиска песна. Од неодамна на официјалниот YouTube канал на младата пејачка Александра Јанева беа прикачени нови пет видеа со инструментални верзии на нејзините песни. До крајот на годината Александра најавува уште една нова песна и видео спот.