Кензо Такада го носи мирисот на убавиот живот во Македонија со парфемот Avon Life

09 Октомври 2016

Сите познавачи и љубители на добриот мирис ќе имаат можност да го пробаат во Регионална канцеларија во Струмица и да го порачаат преку нивните претставници

Avon и светски познатиот дизајнер Кензо Такада го објавуваат лансирањето на новата колекција парфеми Avon Life.

 

Avon Life е нов парфем креиран од г-нот Кензо Такада, кој ја рефлектира неговата филозофија да се Живее Прекрасен Живот. Главната состојка на парфемот - темјанушката, го отсликува чувството на постојана позитивност која лежи во срцето на креациите и личноста на Кензо Такада. Линијата содржи мирис за мажи и мирис за жени и е веќе во продажба во тековната брошура 14 на Авон.

 

Употребата на темјанушката му дава на мирисот слатка свежина. Одгледана на полињата во Египет и Грас, Франција, популарниот цвет е ценет поради неговите ливчиња, кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. Мирисот за жени, исто така, содржи и врвна, енергична, цитрусна врвна нота на бел чај и безвременска топлина на цветната, основна нота на цвет од ирис. Мирисот за мажи содржи силна зачинета врвна нота на црн бибер и топла, дрвна основна нота на кедрово дрво.

 

 

Познат како водечки дизајнер ширум светот, Кензо Такада ја основа истоимената луксузна модна куќа во Париз во 1970та година, со што стана првиот јапонски луксузен бренд со седиште во овој град. Дизајнерот е познат по креирање на иновативни стилови кои ги обединуваат најдобрите елементи од Истокот и Западот.

 

„Сакав да работам со Avon во создавање на нова колекција која ќе биде достапна за жените жирум светот” - вели Кензо Такада. „Моја најголема радост е цртањето на инспирациите од убавината на светот која ме опкружува и нивното претворање во една комплетно нова реалност. Моето искуство со тимот на AVON ми го овозможи тоа, работејќи со некои од најисклучителните парфимеристи за да се креира линија на мириси кои ќе ја рефлектираат нашата заедничка страст да се живее прекрасен живот. Парфемите ја содржат убавината и позитивноста и се преполни со раскошот на природата”.

 

 

Avon Life креиран од Кензо Такада за првпат се најде на страниците на Avon брошурата во Кампања 14. Сите познавачи и љубители на добриот мирис ќе имаат можност да го пробаат во Регионална канцеларија во Струмица и да го порачаат преку нивните претставници, парфемот Avon Life за Неа од 50ml и тоалетната вода Avon Life за Него од 75ml дизајнирани од Кензо Такада, во комплет со парфимиран спреј и лосион за тело, односно спреј за тело и шампон/гел за туширање, по специјална промотивна цена од 1.550 денари!

 

Комерцијална објава