На „финиш“ од релито млади го стопираа градоначалникот Заев

08 Октомври 2016

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев, денеска полни 42 години од својот живот

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев, денеска полни 42 години од својот живот.

 

Денеска на завршетокот од 37-то меѓународно рели крос во Струмица, кога градоначалникот на Струмица, Зоран Заев го означи крајот на оваа натпреварување со својот четирицикл, младите од Младинскиот Совет на крајот од патеката го стопираа со транспарент „Градоначалниче, Среќен роденден“ и торта на која беше отсликан тој со мотор, честитајќи му го роденденот со многу здравје, лична среќа и исполнување на сите негови желби.

 

Традиционално вакво изненадување му подготвуваат младите струмичани, вообичаено ноќта спроти роденденот, но годинава овој чин го оставија за оваа манифестација кај Тркања.

 

Градоначалникот Заев не го криеше задоволството од роденденското изненадување, од срце им се заблагодари и им посака се најубаво во нивниот живот.