Сестрите Гражданлиеви со Македонско девојче ги разиграа присутните на Фестивалот на нациите во Германија

26 Септември 2016

Станува збор за фестивал насловен како „Музиката - мост помеѓу нациите кои живеат во Германија“, а на кој ќерките на Златко Гражданлиев, поранешен гитарист на групата „Пицикато“

Сестрите Слободанка и Симона Гражданлиеви од Струмица ги освоија симпатиите на присутните на Фестивалот на нациите што се одржува секоја година во Минхен, Германија, а на кој освен струмичанките, кои ја претставија Македонија имаше учесници и од Италија, Мексико, Бразил, Гана, Перу, Нигерија...

 

Станува збор за фестивал насловен како „Музиката - мост помеѓу нациите кои живеат во Германија“, а на кој ќерките на Златко Гражданлиев, поранешен гитарист на групата „Пицикато“ настапија со изведба неколку песни меѓу кои и Македонско девојче, на која присутните од повеќе националности и заиграле. Сестрите Слободанка и Симона ја отпееја и легендарната „Tell him“ од Celine Dion & Barbara Streisand.

 

 

Тие од пред две години живеат во околината на Минхен во Германија и веќе имаат огромен број настапи, како во „Театарот на отворено“ така и на повеќе јавни сцени во овој германски регион.

 

Ќерките на Златко со своите вокални способности веќе се и дел од гимназискиот хор каде се школуваат и се вбројуваат во најталентираните музички деца кои само за две години успеале да се пробијат како надежни млади пејачи.

 

За талентот на струмичките девојчиња почнаа на големо да пишуваат и германските медиуми.