ФОТО/ВИДЕО: Со гласот на Александра Јанева и штипските пастрмајлии повкусни

18 Септември 2016

Коментирите се дека со моќните интерпретации од Александра, штипската пастрмајлија е многу повкусна за конзумирање

Струмичанката Александара Јанева која двапати го освои штипскиот „Макфест“, ја отвори десеттата манифестација „Пастрмалијада“, што секоја година се одржува во Штип.

 

Таа со својот вокал успеа уште еднаш да ги развесели не само штипјани, кои ги пееја победничките макфестовски песни, туку и сите останати што беа на оваа манифестација.

 

Освен со нејзините фестивалски песни, Александара отпеа и повеќе хитови што дополнително ја загреа атмосферата во публиката во Штип.

 

Коментирите се дека со моќните интерпретации од Александра, штипската пастрмајлија е многу повкусна за конзумирање.

 

Александра пред штипјани настапи во нов имиџ, бидејќи како што најави има намера да пее и побрзи песни, а не само балади. На сцената, освен одлична интерпретација, таа презентираше и многу енергија.

 

„Ја отворивме штипската Пастрмајлијада со многу позитивна атмосфера и распеани посетители од различни возрасти. Публиката беше прекрасна. Штип е град за кој ме врзуваат многу убави спомени“ - вели Александра.

 

ФОТО: Александар Ефремов