Dream by Almak ќе ве наградува на Струмица Опен Фестивал

06 Август 2016

Dream by almak, организира настан во деновите на одржувањето на „Струмица Опен Фестивал“ со забавен карактер

Dream by almak, организира настан во деновите на одржувањето на „Струмица Опен Фестивал“ со забавен карактер, едукација, промоција и подароци за секој учесник! Целта е со забавни содржини, публиката да се запознае со основните информации за душеците, кои се позитивните доприноси, како полесно да изберат душек и слично. И секако, на лице место да се уверат во квалитетот на душеците кои ги произведува Алмак.

 

За одлична атмосфера ќе се погрижи нашиот шоумен Горан Енимитев. А последната вечер кога е и извлекувањето на главната награда, специјален гостин ќе биде најдобриот шоумен во Македонија, Сашко Коцев.

 

Учеството се состои од неколку игри, со што се собираат поени. На крај, во зависност од поените, секој учесник добива подарок! Освен, овие подароци, секој што ќе го објави настанот на социјалните медиуми, директно влегува во конкуренција за поголеми награди, како што се:

 

I. Душек Silver Dream, вредност 150 евра, извлекување во сабота 13.08.2016 во 20:20 часот, преку директен пренос на Facebook live,

 

II. Наддушек (топер), вредност 100 евра,

 

III. Ваучер во вредност од 2.000 ден за оној кој ќе има најмногу share на Facebook.

 

Организаторот го задржува правото да доделува награди по заслуга, за оригиналност или креативност. Доколку има повеќе заслужни учесници, ќе има и додатни награди.

 

Игри:

 

  1. Пополни ги податоците за извлекувањето и анкетата. - 1 поен
  2. Фрли ја перницата која не ти одговара во кош. Два обиди по 1 поен
  3. Борба со перници (Pillow fight) - двајца натпреварувачи се борат да го симнат противникот од импровизираниот мост и да освојат 3 поени.
  4. Натскокај го Сашко Коцев - учесниците се обидуваат да го имитираат Сашко Коцев на рекламата на Dream by almak. Колку пооригинална идеа, толку повеќе можности за поени. (hint: со имитирање и на текстот од рекламите си обезбедувате многу поповолна позиција). 1-4 поени.

 

Со освоени 2 поени, учесникот добива подарок порцеланска чаша. Со освоени 4 поени, учесникот добива подарок маица. Со освоени 7 поени, учесникот добива подарок перница.

 

Правила за учество во играта:

 

  • Учесник може да биде секој на возраст над 18 години.
  • Не е погодна за трудници, луѓе со висок притисок или срцеви мани.
  • Учесниците не смеат да бидат под дејство на дрога, алкохол или други стимулативни супстанци.
  • Не е дозволено учество повеќе од еднаш во текот на сите 4 дена.
  • Секој учесник треба што побргу да се тагира на сликата која ќе биде веднаш објавена.

 

Колку повеќе share на постот објава, толку повеќе шанси за некоја од многуте награди. Поставете hashtag #dreambyalmak или/и #DreamOpen за полесно да Ве пронајдеме и наградиме.

 

Почитувани, игрите се направени стриктно за забава и се од рекреативен карактер. Не е прифатливо грубо однесување или нефер постапки. Вашата безбедност е на прво место и затоа апелираме на коректност. Организаторот не презема никаква одговорност во случај на повреда или било каква друга компликација. Сите учесници се согласуваат доколку при спроведувањето на кампањата се појават на слика или видео, истите да бидат искористени за промотивни цели, како интернет, социјални мрежи и слично.