Помош за поплавените во Моноспитово

06 Февруари 2015

На 20-тина семејства од Моноспитово им беа доставени пакети со храна, средства за лична хигиена и ќебиња

Општина Босилово во соработка со ОО на Црвениот крст во Струмица, на 20-тина семејства, кои се најпогодени од поплавите кои деновиве го зафатија Струмичкиот регион, синоќа им доставија хуманитарни пакети со храна, средства за лична хигиена и ќебиња.