Отстранет дефектот на главниот цевковод за Моноспитово

05 Февруари 2015

Дефектот беше на мостот помеѓу селата Банско и Моноспитово, каде што имаше пукнато цевка

Екипата на ЈПКД „Огражден“ од Босилово, денеска вршеше поправка на главниот цевковод преку кој населеното место Моноспитово се снабдува со вода.


Дефектот беше на мостот помеѓу селата Банско и Моноспитово, каде што имаше пукнато цевка, најверојатно поради свлекување на земјиште од надојдените води од врнежите изминатиот период.