ФОТО: Багерот на Општина Босилово заглави во коритото!

04 Февруари 2015

Багерот на Општина Босилово, кој се користеше за ископ и санирање на каналите заглави во коритото на реката

Багерот на Општина Босилово, кој се користеше за ископ и санирање на каналите беше вон употреба, бидејќи заглави во коритото на реката Струмица, обидувајќи се да спречи излевање и уништување на трапот на реката.


По неговото извлекување имаше мал дефект, сега е оспособен за работа и е на терен, каде ќе продолжи со чистење на каналите во сите населени места во општина Босилово, каде што има потреба.