Заеднички состанок на Кризните штабови од струмичко со министрите

02 Февруари 2015

Се детектираат критичните места каде што се поплавени земјоделските површини и опасноста од поплавување на некои населени места

Министерот Диме Спасов, заминик-министерот Кристијан Делев, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село, Љупчо Колев и Блажо Велков, командантот на Кризниот штаб на општина Струмица, Кирил Парталов, директорот на ЈПКД Комуналец“ Струмица, Зоран Ѓоргиев и комумалните претпријатија и претставници на кризните штабови на Босилово, Ново Село и Василево, од регионалниот Центарот за управување со кризи, од водостопанското претпријатие „Струмички слив, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Кирил Поп-Трајков, од ОО на Црвениот крст во Струмица и други институции, доцна попладнево во просториите на Општина Босилово одржаа координативен состанок, на кој ја разгледаа состојбата по течението на реката Струмица, односно промената на речното корито настаната како последица од обилните врнежи.


Се детектираат критичните места каде што се поплавени земјоделските површини и опасноста од поплавување на некои населени места.


Според информациите од состанокот, состојбата со двете акумулации „Турија“ и „Водоча“ е критична. Одредена количина вода веќе се испушта од акумулацијата „Турија“, која ќе достигне и до 15 м³ вода во секунда и се прават заштитни бариери на критичните точки. Во активноста со справување со ситуацијата е вклучена и Армијата на Република Македонија.


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека Центарот за социјални работи во Струмица и службите прават интензивна посета на населението од овој регион, со цел да се види колку домаќинства се оштетени и да се детектираат нивните потреби, да им се помогне во најбрзо време со соодветни потребни средства, во храна, средства за лична хигиена, ќебиња и слично.