Санирање и ископ на одводната каналска мрежа

11 Декември 2014

Екипа на општинското комунално претпријатие, вчера работеше во Босилово, а денеска во Бориево

Општина Босилово заедно со механизацијата на ЈПКД „Огражден“ Босилово, работат на санирањето и ископот на одводната каналска мрежа во оние населени места кои се сериозно загрозени, а делумно и поплавени со последните поројни дождови.


Екипа на општинското комунално претпријатие, вчера работеше во Босилово, а денеска во Бориево, додека утре активностите продолжуваат во населеното место Моноспитово.


Од општина Босилово апелираат до граѓаните од загрозените населени места, активно да се вклучат во решавањето на проблемите со одводот на атмосферската вода, а за кои е потребен минимален труд.