Ископ на атмосферски канали и речни корита во општина Босилово

10 Декември 2014

Во атарите на населените места Сарај, Гечерлија и Петралинци, општина Босилово, во тек се ископи на повеќе атмосферски канали и речни корита

Во атарите на населените места Сарај, Гечерлија и Петралинци, општина Босилово, во тек се ископи на повеќе атмосферски канали и речни корита.


Активностите се спроведуваат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.


Прочистувањето на одводната каналска мрежа ќе овозможи нормален проток на поројни атмосферски води и намалување на опасноста од излевање на водата и поплавување на околното земјоделско земјиште.