По шести пат Русалиски средби во Секирник

19 Август 2015

Традиционално, веќе шеста година во селото Секирник, општина Босилово, ќе се одржи манифестацијата „Русалии – фолклор Секирник 2015“

Традиционално, веќе шеста година во селото Секирник, општина Босилово, ќе се одржи манифестацијата „Русалии – фолклор Секирник 2015“.


Русалиите, единствените играорци кои ја негуваат и презентираат традиционалната изворна игра на Македонците бегалци од кукушко, на 27-ми август пред Голема Богородица, од 20 часот, ќе соберат неколку фолклорни ансамбли, русалиски групи од Македонија, Бугарија и Грција.


Тука се домаќините КУД „Русалии“ од Секирник, КУД „Танец“ од Миравци, Русалиската фолклорна група „Пољаните“ од Република Бугарија, Фолклорна група „Крушара“ од Република Грција и Ансамблот „Македонија“.


И оваа година манифестацијата ќе биде организирана под покровителство на општина Босилово, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Православниот храм „Пресвета Богородица” од Секирник и НУЦК „Антон Панов“ од Струмица.