Ќе се реконструира ООУ „Кирил и Методиј“ во Иловица

30 Април 2015

Во периодот на летниот училишен распуст, ООУ „Кирил и Методиј“ во Иловица ќе се реконструира

Во периодот на летниот училишен распуст, ООУ „Кирил и Методиј“ во Иловица ќе се реконструира, најави заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, одговарајќи на пратеничко прашање на последната седница на Собранието на Република Македонија - пренесува МИА.


„Надлежни инжинерски тимови од МОН, изминатиов период беа на терен, при што го посетија и ООУ „Кирил и Методиј,“ каде е констатирано и се работи на проектнатата задача за реконструкција на столаријата во делот на промени на прозорци и греењето на оваа училиште“ - рече Ристовски.


Тој информира дека се во фаза на добивање одобрение од страна на општината Босилово и градоначалникот и очекува во следниот период да се добијат потребните документи од општината и да се преземат сите активности со реконструкција на овој училишен објект.


„Вообичаено овие активности се реализираат за време на летниот распуст, така согласно планираното во текот на летото ќе се опточне со реконструкција на ООУ „Кирил и Методиј“ во Иловица“ - додаде Ристовски.


Во контекст на тоа потсети дека во основното училиште во Иловица, општина Босилово, во текот на минатата година МОН изгради спортска сала која ја користат учениците од оваа училиште.