Хуманитарна помош за семејството Џопковски

29 Април 2015

Општина Босилово останува и понатаму посветена, во рамките на своите можности, на обезбедување и донирање помош

Општина Босилово во соработка со фирмите ПП „Евро-мебел“ и ПП „Кристи-мебел“ од Моноспитово, како и Црвениот крст од Струмица, организираа хуманитарна помош за семејството Џопковски од селото Хамзали.


Станува збор за неопходни потреби на оваа сиромашно семејство, два кревети за спиење, душеци, ќебиња, средства за хигиена, облека, обувки, како и прехранбени производи.


„Општина Босилово останува и понатаму посветена, во рамките на своите можности, на обезбедување и донирање помош на социјално ранливите категории граѓани“ - велат од општината.