Се гради водоводна линија кон Индустриската зона „Робово“

28 Април 2015

Деновиве екипи за ЈПКД „Огражден“ од Босилово работат на изградба на водоводна линија кон Индустриската зона „Робово“

Деновиве екипи за ЈПКД „Огражден“ од Босилово работат на изградба на водоводна линија кон Индустриската зона „Робово“, покрај магистралниот пат А-4, како и приклучокот за компании кои веќе градат таму.


Бидејќи локацијата каде се работеше е урбанизирана и е наменета за лесна и незагадувачка индустрија, од оваа водоводна линија во наредниот период приклучок за вода може да обезбедат сите идни инвеститори, кои би изградиле објект во индустриската зона.