Се подготвува атмосферски одводен канал кај Мала камберица

28 Април 2015

Вкупната должина на ископот на атмосферскиот канал изнесува околу 100 метри

Денеска екипа на ЈПКД „Огражден“ од Босилово, во рамките на своите редовни активности, изврши ископ на одводен атмосферски канал во атарот на Босилово, во месноста викана „Мала камберица“, во непосредна близина на депонијата. Вкупната должина на ископот на атмосферскиот канал изнесува околу 100 метри.