Делегација на холандиската компанија „Brabant Watter“ во Босилово

24 Април 2015

Деновиве во работна посета на општина Босилово беше делегација од компанијата „Brabant Watter“ од Холандија

Деновиве во работна посета на општина Босилово беше делегација од компанијата „Brabant Watter“ од Холандија.


На средбата со градоначалникот Љупчо Колев, гостите се информираа за активностите на општината, реализацијата на тековните и идни проекти, а се разговараше и околу подготовката и ревидирањето на локалниот еколошки акционен план за општина Босилово.


Делегацијата од Холандија имаа средба и со претставниците и менаџментот на млекара „Здравје Радово“, како и претставниците на „Euromax resources“.