Велигденска честитка од градоначалникот на општина Босилово

11 Април 2015

Градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, по повод големиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните на општина Босилово

Градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, по повод големиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните на општина Босилово.


„Почитувани граѓани на општина Босилово. Пред нас е најголемиот христијански празник - Велигден. Ја користам приликата на сите вас, најпрво да ви посакам добар помин за престојните празници и да ви го честитам празникот на сите со познатиот Велигденски поздрав: Христос Воскресе, Навистина Воскресе. Ви посакувам оваа година да ви биде успешна, да ви биде добра, на сите вас, на вашите фамилии, на вашите најблиски и на вашето опкружување“ - рече градоначалникот Колев.