Општина Босилово го одбележа Денот на општината

09 Април 2015

Градоначалникот Љупчо Колев на компании и јавни институции им додели Благодарници за успешната соработка

Општина Босилово утре го слави својот ден, 10 април - ден на основањето на Општина Босилово од далечната 1952 година, која постоела до 1963 година, а од 1996 година, според новата територијална поделба, Општина Босилово повторно се враќа како посебна локална самоуправа.


По тој повод денеска во зградата на Општина Босилово се одржа свечена седница на која, во присуство на членовите на Советот, директори на јавни општински установи и претпријатија, од бизнис заедницата, за развојниот пат на општината говореше претседателот на Советот на општина Босилово, Софче Попова Георгиева.


Градоначалникот Љупчо Колев на компании и јавни институции им додели Благодарници за успешната соработка, а на ученици од основните училишта Пофалници за постигнати успеси во учество на општински, регионални и државни натпревари.