Во четврток и петок без вода населени места во општина Босилово

18 Март 2015

Босилово, Турново, Робово, Еднокуќево, Секирник, Радово и Бориево, во четврток и петок (19 и 20 март), ќе имат прекин во водоснабдувањето

Населените места кои се снабдуваат со вода за пиење преку Филтер станицата „Иловица“, Босилово, Турново, Робово, Еднокуќево, Секирник, Радово и Бориево, во четврток и петок (19 и 20 март), ќе имат прекин во водоснабдувањето, поради сервис на регулатор на Филтер станицата - информираат од ЈПКД „Огражден“ од Босилово.